Историјат
Почнал да работи како Општински суд Свети Николе на 01.04.1956 година. Првиот престедател на Општинскиот суд бил Боро Брдарски. Во време кога започнал со работа судот се наоѓал во зграда што се наоѓа на спрoтивната страна на улицата каде сега е лоциран судот на ул.Ленинова бр.26. Во таа зграда судот работел до 18.09.1976 година. Претседатели на судот биле и Васил Велков, Душко Давчев, Андреја Весов, Драги Златев, Светолик Николов, Стојанчо Атанасов, Димче Поцков, а актуелен Претседател на Основниот суд Свети Николе е Слободан Арсовски. Како Основeн суд Свети Николе започнал да работи со донесување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ бр.36/95)
Структура на судска зграда
Судската зграда на Основен суд Св.Николе има подрум, приземје и кат. Во подрумот се сместени архивираните предмети, како и помошни простории кои го опслужуваат Основниот суд.
На приземјето се сместени судската полиција каде е и телефонската централа, архивата со посебна просторија за доставната служба, благајната и писарницата за прекршоци.
Од другата страна на приземјето се наоѓаат 5 канцеларии во кои се сместени извршното одделение, кривичното одделение, граѓанско одделение, има соба за стручни соработници и технички секретар на судии – дактилографи. Во една од просториите е сместено и книговодството. На истиот спрат 3 канцеларии држат и вработените на Основното јавно обвинителство Св.Николе.
На катот се сместени кабинетот на Претседателот на судот, библиотеката која воедно е и сала за колегиум, судските кабинети на судиите, двете судници, соба за медијација и адвокати, како и чекална.