Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
25.02.2014
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
ОСНОВЕН СУД СВЕТИ НИКОЛЕ - НАДЛЕЖНОСТИ
Надлежност
Основниот суд Свети Николе согласно Законот за судовите е суд со основна надлежност и е надлежен да одлучува во прв степен за кривични дела и прекршоци и тоа: за кривични дела за кои со закон како главна казна е определeна парична казна или казна затвор до 5 години, ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд, за кривични дела за кои со посебен закон е определна надлежност на суд со основна надлежност, да спроведуваат истрага или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност, за сите видови на прекршоци, освен за прекршоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа или организација или друг орган што врши јавни овластувања и за жалби и приговори за кои се надлежни овие судови. Основниот суд Свети Николе како суд со основна надлежност одлучува во прв степен по граѓански спорови и тоа за спорови во имотно-правните и други граѓанско-правни односи на физички и правни лица чија вредност е до 50.000 евра во денарска противвредност, до колку со закон не е предвидена надлежност на друг суд, за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак, за законска издршка, за чување и воспитување на деца, за смеќавање на владение, за доживотна издршка, за надомест на штета која не надминува 50.000 евра во денарска противвредност, во постапка за обезбедување и извршување, за работни спорови, за спорови од наследно-правни односи, во вон парнични и оставински работи, да водат тапии и за други работи утврдени со закон.

Инаку судот ја покрива територијата на општина Свети Николе и општина Лозово со околу 23 илјади жители.
ГАЛЕРИЈА НА ФОТОГРАФИИ
 
ОДЛУКИ НА ОСНОВНИОТ СУД СВЕТИ НИКОЛЕ
 
Искористете ја формата прикажана подулу за пребарување во базата на одлуки на Основниот Суд Свети Николе.
За подобро филтрирање на резултатите искористете ги и дополнителните полиња за категорија на документот и датум.
 
име или дел од името:
категорија и/или подкатегорија:
датум на донесување на одлуката:
од:   до: